Довчерашниот ракометар на Железничар и официјално потпиша тригодишен договор со екипата од Автокоманда, и во наредните три години ќе го носи плаво белиот дрес.
Дарко Џукиќ:
И се радувам на соработката со еден од најдобрите тренери во светот, Лино Червар. Се радувам што ќе бидам дел од еден голем клуб, каков што е Металург. Секако, посебен аргумент во полза на моето доаѓање во Металург е и настапот во Лигата на шампионите. Металург за мене е нов предизвик, нова средина, и јас се надевам дека ќе ги исполнам очекувањата. Се надевам дека периодот поминат во Металург ќе го искористам за мој дополнителен развој.
Левче Китевски ( претседател на УО, Металург):
Сметам дека потпишувањето на Дарко Џукиќ е наш добар потег. Се работи за исклучително талентиран ракометар, еден од најперспективните десни крила во Европа. Исто така, Џукиќ целосно се вклопува во нашата клупска концепција – ангажирање на млади и талентирани ракометари. Сметам дека Џукиќ ќе биде добро надополнување за нашиот Гоце Георгиевски.



