Извлечени групите за Струшкиот ракометен турнир

Струшкиот ракометен турнир, кој претставува еден од најпознатите ракометни турнири во Македонија ги доби групите за овогодинешното издание кое од 13 до 16 август ќе се одржи во Струга.

Како што е познато оваа година покрај нашите два ракометни брендови Вардар и Металург, свое учество на Струшкиот ракометен турнир ќе земат Кретеј(Франција), Азоти Пулави(Полска), Металопластика ( Србија), Санкт Петербург ( Русија).

Интересен избор на клубови, а посебно интересни покрај натпреварите на Вардар и Металург, ќе бидат и натпреварите на Франциски Кретеј кој доста се засили во овој преоден рок. Потпишувањето на македонскиот репрезентативниот голман Борко Ристовски, босанскиот репрезентативен пивот Мухамед Торомановиќ, како и одличниот лев бек на романска Констанца, Чепреги се мотив плус за македонските фанови да го проследат овогодинешното издание на Струшкиот ракометен турнир. Ова ќе биде и прва можност за сите ракометни навивачи на Металург и Вардар на дело да ги видат новите засилувања на овие клубови. Штербик, Лацковиќ, Горбок, Шишкарев во екипата на Вардар, како и Коциќ, Липовина и Џукиќ во екипата на Металург.

По извлечената ждрепка македонскиот шампион Металург се најде во групата А заедно со Кретеј и полскиот тим Азоти Пулави, додека пак во групата Б, Вардар ќе игра против Металопластика и Санкт Петербург.

Струшкиот ракометен турнир ќе започне на 13 август со ревијален натпревар помеѓу екипите на Металург Јуниор и домаќинот Струга(18:00), потоа следува церемонијата на свеченото отварање(19:45) а од (20:45 часот) ќе започне и првиот официјален натпревар помеѓу Металург и Кретеј.

Во финалето ќе играат првопласираните екипи од двете групи, а тоа е закажано за сабота од 21:00 часот.

Група А

Металург
Кретеј
Азот Пулави

Група Б

Вардар
Металопластика
Санкт Петербур

СРЕДА (13 август, ПРВ ДЕН): Металург Јуниор-Струга ( ревијален натпревар, 18:00), Свечено отворање (19:45), Металург-Кретеј (20:45), Металопластика-Санк Петербург (22:30)

Четврток ( 14 август, ВТОР ДЕН):
Азоти Пулави-Кретеј (19:00), Вардар-Санкт Петербург (20:45)

Петок (15 август, ТРЕТ ДЕН): Вардар-Металопластика (19:00), Металург-Азоти Пулави (20:45)

Сабота (16 август, ФИНАЛЕН ДЕН): натпревар за 5 место (19:30), натпревар за 3 место (19:15), ФИНАЛЕ ( 21:00)