Нови ракометарки во екипата се Лерант Вививен , Мариана Коста , Мартина Горичанец, Вес Клаудија, Мирела Дедиќ, Кристина Белик, и Гомез Роча. Мартина Горичанец и Мирела Дедиќ беа дел од Хипо во 2012 година. Клубот го продолжи договорот со Горица Ачимовиќ, Стефани Каишер, Олга Санко, Маулер Викторија, и Хајгато Ана.
Познато е дека во австриското првенство Хипо нема конкурент за шампионската титула, па така сите цели се насочени кон добро претставување во Лига на шампионите. Се уште не е познато дали клубот ќе учествува во женската регионална ракометна лига. Во Лигата на шампионите, Хипо е во група со РК Крим Меркатор од Словенија, Динамо од Русија, и победникот од квалификациската група 1.
Пред две недели екипата ги започна подготовките за новата сезона. Хипо одигра и неколку пријателски натпревари со ФТЦ од Будимпешта, и Ерд каде беше високо поразен.


