Шведскиот репрезентативец и член на Киф Колдинг Копенхаген го имаше официјалното враќање на теренот по повредата поради која ја пропушти минатата сезона.
Екипата на Киф Колдинг Копенхаген во рамките на подготовките за престојната сезона, одигра пријателски натпревар против екипата на Твис Холстебро кој заврши со резултат 25-25. Ким Андерсон го одигра целиот натпревар прикажувајки одлична игра во која успеа три пати да се запише во листата на стрелците.
Сите во клубот се задоволни како се одвиваше целокупниот процес на рехабилитација, и што конечно можат да го имаат на располагање и во одлична форма еден од најдобрите десни бекови на денешницата. Ким, продолжува со напорните тренинзи, по кои ќе биде 100% подготвен за турнирот кој Колдинг го има на програмата на 30 август.



