Екипата на РК Вардар, пристигна во Крањска Гора каде ќе ги продолжи подготовките за престојната сезона. Вардарци се сместени во хотелот “Компас” каде ќе останат се до 9 август, а потоа се враќаат во Македонија, каде од 13 до 16 август традиционално ќе настапат на “Струшкиот ракометен турнир.”



