Нашите јуниори подобро го започнаа натпреварот и во поголемиот дел од првото полувреме ја контролираа играта. Во првите десетина минути имавме слаба реализација на ударите од 7 метри, но со добра игра во одбраната успеавме да го контролираме натпреварот. Сепак норвежаните беа подобар противник во последните 5 мин од првото полувреме и на одмор заминаа со 3 голови позитива 13-10.
И покрај негативата нашите момци успеаа да се вратат во игра израмнувајки на 16-16. Но повторно како и на предходните натпревари во моментите кога се крши резултатот немаме доволно концентрација и константност во нападот што противникот знае да го казни. Норвешка повторно го превзема водството кое постојано го зголемуваше за конечни 27-23.
По овој пораз нашата репрезентација се пласираше на последната позиција на табелата во групата А.


