Кадетите добија подршка од Кирил Лазаров

Македонските кадети кои во Маврово ја одработуваат втората фаза од подготовките за Европското првенство во Полска, на вчерашниот тренинг беа пријатно изненаени од присуството на капитенот на македонската сениорска репрезентација Кирил Лазаров.

кире кадети 1

Кире Лазаров во присуство на селекторот Јовиќ на тренингот на каетската репрезентација

Кире кадети 2

Кире Лазаров со подршка за кадетите

Лазаров кој е познат како голем подржувач на проектот за развој на младинските репрезентации, во присуство на селекторот Александар Јовиќ лично им посака среќа и да им даде подршка на кадетите пред престојното Европско првенство.

Лазаров сеуште се наоѓа во Македонија, а на 1 август заминува во Каталонија каде ќе ги започне подготвките за престојната сезона со екипата на Барселона.