Унгарската екипа Дунајварош има богата историја во Европа. Покрај шампионските титули во Унгарија , пет од националното првенство, и пет од купот, клубот ја има освоено и Лигата на шампионите во 1999 година, трофејот во КПК (1995), ЕХФ Купот (1998) и титулата во ЕХФ Шампионскиот трофеј ( 1999) година.
Последниве шест години, Дунајварош не настапува на европска сцена, поради лошите резултати во унгарското национално првенство, но од 2012 година клубот се стабилизира, и претставува главен ривал на трите најдобри унгарски екипи ( Ѓер, ФТЦ, Ерд).
Во клубот имаат настапувано голем број на легендарни ракометарки. Една од нив е унгарската легенда Бојана Радуловиќ која беше една од најзаслужните за високите резултати на Дунафер во Европа.
Клубот располага со сите младински категории, и е редовен учесник во помладите лиги во унгарското национално првенство.
Сениорскиот тим Дунајварош е составен од сениорски и младински репрезентативки на Унгарија. Звезда во тимот е Анита Булат која има богато искуство во натпреварите во европските натпреварувања. Анита Булат го носеше дресот и на данските екипи Копенхаген и Виборг, беше дел од РК Подравка Вегета, а во Унгарија настапуваше за Веспрем и Дебрецен.



