Женската сениорска ракометна репрезентација по ждрепката која се одржа денес ги доби своите противници во квалификациската група за пласман на Светското првенство во Данска 2015 година.
Нашата репрезентација ќе се натпреварува во групата три, каде заедно со репрезентациите на Исланд и Италија ќе се бори за првото место во групата кое води до бараж дуел за пласман на Светското првенство.
Квалификациските дуели започнуваат на 8/9 септември.


