ЖРК Металург против унгарски Шиофок во КПК

ЖРК Металург наредната сезона ќе биде дел од КПК, и ќе стартува од третото коло. Противник на ракометарките од Автокоманда е унгарската екипа Шиофок.ЖРК Металург во новата сезона ќе биде  со млад состав, додека Шиофок има сериозни амбиции. Тоа го покажа клубот со доведувањето на две звучни имиња во тимот, репрезентативката на Бразил, Даниела Пиедаде која во Шиофок дојде од Крим, и централниот бек на Германија, Нина Верц која во Шифок пристигна во пакет со Пиедаде од Крим Меркатор. Унгарките се засилија и со две талентирани ракометарки од унгарскиот вицешампион, ФТЦ од Будимпешта. Се работи за десното крило Нели Шух, и десниот бек од Јуниорската репрезентација на Унгарија, Лука Шекержеш која важи за една од надежите на унгарскиот ракомет.

Се уште не е познато каде ќе се одигра првиот натпревар меѓу ЖРК Металург и Шиофок, а постои и веројатноста овие две екипи да се договорат двата натпревари да се играат во Унгарија или Македонија.