Црногорскиот репрезентативец и член на бундеслигашот Хановер, Васко Шеваљевиќ заработи повреда на бутниот мускул на десната нога, и ќе пропушти поголем дел од подготовките на својата екипа.
Кристофер Нордмејер ( тренер, Хановер):
Оваа повреда делува разочарувачки за Васко, и неможноста да тренира со екипата во наредните три месеци. Но ако постои добро време за ваква повреда тогаш тоа секако е на почетокот на подготовките.
Прогнозите на лекарскиот тим на Хановер велат дека Шеваљевиќ треба да се врати во тимот на почетокот на сезоната.

