Нормално дека чуствувам мал притисок, сепак како наближува првенството и притисокот полека се намалува и мислам дека со почетокот на првиот натпревар ќе исчезне.
Првиот натпревар кој може да биде и клучен за понатамошниот тек на првенството нашата репрезентација го игра против репрезентацијата на Германија.
И јас мислам дека првиот натпревар е многу важен. Немаме многу сознанија за Германија, но знаеме што оваа селекција значи не само во европски рамки. Ако тука направиме добар резултат, се ќе биде натаму лесно.
На прашањето какво е расположението во репрезентацијата вели:
Засега е одлично. Се дружиме, забавуваме, разговараме за шампионатот. Знаеме дека само ако сме сплотени, може се да помине добро. Искрено очекувам вака да биде во текот на целото првенство.

