Македонската ракометна репрезентација ќе се најде во третиот шешир при извлекувањето на групите за Светското првенство во Катар 2015 година. Нашата репрезентација е во ист шешир заедно со репрезентациите на Русија, Алжир и Катар, и овие репрезентации не можат да бидат наши противници во групната фаза.
Желба на нашата репрезентација е да се избегне репрезентацијата на Германија која знаеме на каков начин доби можност да биде учесник на престојното Светско првенство, и која се наоѓа во последниот шести шешир.
Шешир 1: Шпанија, Франција, Данска, Хрватска
Шешир 2: Полска, Шведска, Словенија, Босна
Шешир 3: Македонија, Русија, Катар, Алжир
Шешир 4: Австрија, Аргентина, Белорусија, Чешка
Шешир 5: Тунис, Египед, Бразил, Бахреин
Шешир 6: Германија, Чили, Обединети Арапски Емирати, Иран


