Хрватскиот клуб Локомотива Загреб продолжува со ангажман на нови ракометарки.
Ново име во хрватскиот шампион е Нели Ирман, која доаѓа од Ген Загорје од Словенија. Нели Ирман во Локомотива Загреб ќе ја пополни десната крилна позиција, и ќе ја дели минутажата со ракометарката Анита Гаче.
Ирман во Словенија го носеше дресот на повеќе суперлигашки клубови: РК Олимпија, ЖРК Залеч, РК Крим Меркатор, Ген Загорје.


