Осмина-финалните натпревари ќе се играат во Дуго Село и Копривница, во понеделник (7 јули), додека пак домаќин на натпреварите за пласман од 17 до 24 позиција ќе биде градот Чаковец. Победниците од осмина-финалните дуели продолжуваат во четврт-финалето кое е на програмата на 9 јули во Копривница. Поразените тимови од осмина-финалните натпревари ќе се борат за пласман од 9 до 16 позиција (овие натпревати се на програмата од 9 до 16 јули во Дуго Село).
Президент купот или натпреварите за пласман од 17 до 24 место се играат во два дена и тоа на 7 и 9 јули. Репрезентациите кои завршиле на петтото место во своите групи ќе се борат за пласман помеѓу 17 и 20 место, додека пак оние кои биле шести во своите групи ќе разигруваат за пласман од 21 о 24 место.
Осмина-финалните парови се составени од 14 европски селекции, Азија го има својот претставник во името на Кореја, додека пак Бразилките ќе ја бранат честа на Пан Америка.
Осмина-финални натпревари:
Копривница:
Данска-Чешка (14:00)
Кореа-Србија (16:15)
Холандија-Хрватска (18:30)
Норвешка-Германија (20:45 )
Дуго Село:
Португалија-Романија (14:00)
Бразил-Франција (16:15)
Унгарија -Словенија (18:30)
Русија-Шведска (20:45)
Президент куп (натпревари за пласман) во Чаковец:
Уругвај-Аргентина (14:00)
Јапонија-Кина (16:00)
Казакстан-Ангола (18:00)
Конго-Тунис (20:00)


