Ана Виноградова беше меѓу најзвучните имиња во составот на Индира Кастратовиќ но на почетокот на сезоната се здоби со повреда, по што паузираше цела сезона и немаше можност да ги покаже своите квалитети. Нејзина алтернатива беше Ивана Маневска, додека пак Екатерина Љубјанија беше втора опција во Вардар СЦБТ пред една сезона. Во изминатава сезона двете ракометарки беа дел од младинскиот тим ЖРК Вардар кој исто така настапуваше во супер лигата и го освои третото место. Љубјанија беше една од најзаслужните за освоеното трето место на ЖРК Вардар. Русинката Ана Виноградова заедно со Екатерина Костјукова беше во комбинација за добивање на македонски пасош и можност за настап во сениорската репрезентација на Македонија, но тоа не се случи. Се уште не се познати новите клубови на двете ракометарки.

Виноградова и Љубјанија заминуваат од ЖРК Вардар
Двете руски интернационалки Ана Виноградова и Екатерина Љубјанија заминуваат од ЖРК Вардар . Ана Виноградова и Екатерина Љубјанија пристигнаа во Вардар во сезоната 2012-2013.

