Кадетките на Црна Гора веќе започнаа со своите подготовки. Избраничките на Маја Савиќ напорно работат за престојното кадетско првенство кое ќе се одржи во Македонија од 20 јули до 3 август-2014 година.
Црна Гора своите натпревари ќе ги игра во Охрид, доколку се реши спорот околу електричната енергија која ја има управата на „Билјанини Извори“, а нејзини противници се Франција, Кина, Хрватска, Ангола и селекцијата на Португалија.
Првиот тест кадетките го имаа во Никшиќ пред две недели, тогаш Драган Аџиќ ја одмори цела сениорска репрезентација, а на терен излезе со млади ракометарки кои се дел од кадетската репрезентација. Овие денови црногорките се на подготовки во Белград, и одиграа два пријателски натпревари со јуниорската селекција на Србија. На првиот натпревар Црна Гора издвојува победа со резултат 25:24, а пак вториот натпревар заврши без победник 21:21.

Ѓурѓина Маловиќ- Новата Бојана Поповиќ?! Фото-handballme.me


