Стојановиќ повторно во македонскиот ракомет

Раководството на РК Зомимак М објави дека левиот бек и поранешен репрезентативец на Македонија, Раде Стојановиќ од наредната сезона одново ќе ги брани боите на популарните “рисови”.

Стојановиќ минатата сезона ја започна во екипата на Зомимак М, за на полусезоната да направи трансфер во норвешки Драмен каде настапуваше 6 месеци.

По ангажманот на голманот Благојче Трајковски, ова претставува второ засилување на струмичани во овој преоден рок. Со повторното враќање на Раде Стојановиќ струмичани најавуваат дека и наредната сезона ќе бидат екипа која ке се обиде да им го земе скалпот на фаворизираните Вардар и Металург, и ќе биде сериозен конкурент во борбата за титулата.