ЖРК Вардар ќе игра во ЕХФ Купот

vardar vtor tim

На почетокот на сезоната, вардаровата младина во придружба со постарата и поискусна постава завршија на третета позиција. Фото-www.zrkvardar.mk

ЖРК Вардар во новата сезона ќе има нов предизвик. Освен настапите во супер лигата, како и Купот на Македонија, тимот ќе настапи и на трет фронт, овој пат на европска сцена. ЖРК Вардар со третата позиција во македонската супер лига обезбеди место во ЕХФ Купот. Првата голема промена во ЖРК Вардар е смената на тренерското место, по која  досегашниот тренер Аце Станковски се сели кај машкиот младински тим РК Вардар како помошен тренер на Пепи Манасков. На неговото место доаѓа Симе Симевски главниот тренер од РК Металург Скопје. Сега Симевски во вардаровиот табор ќе ја има задачата да направи позабележителен успех на европска сцена. Втората промена е заминувањето на три млади  ракометарки, Драгана Петковска, Сара Митова и Симона Стојановска кои се селат во главниот тим на Индира Кастратовиќ. Нивното место евентуално би го пополниле три нови ракометарки од ЖРК Металург. Третата промена е заминувањето на Ивана Саздовски, една од носителите на играта во ЖРК Вардар.

Се уште не е составен конечниот состав на овој тим, но со сигурност може да се каже дека голем дел од досегашните ракометарки ќе бидат дел од овој тим и во новата сезона.