Талески пристигна во Металург пред 5 години поминувајќи ги сите категории на овој клуб. Минатата сезона доби шанса и на неколку натпревари во А тимот на Металург, а своите извонредни настапи беше еден од најзаслужните за пласманот на кадетската и младинската репрезентација на големите натпреварувања. Импресивните настапи во младинските селекции беа карта за повикот од селекторот Обрван во А селекцијата на Македонија, чие деби го имаше на бараж дуелот против репрезентацијата на Грција.
Филип Талески:
Денешниот ден за мене е еден од најзначајните во животот, го потпишав својот пρв пρофесионален договоρ и пρесρеќен сум што ќе имам можност да учам од најдобρите маκедонсκи ρаκометаρи и, сеκаκо, од шефот на стручниот штаб, Лино Чеρваρ. Конечно ми се исполни долгогодишниот сон – да заиграм за првиот тим на Металург, кој го сметам за еден од најдобрите клубови во Европа.
И Марко Нелоски има сличен пат како Талески. Играше во кадетскиот и младинскиот тим на Металург, по што следуваше настап во Металург Јуниор. Нелоски имаше пех да заработи потешка повреда, па целата измината сезона ја помина во рехабилитација. Но тешкиот период е зад него, и оваа сезона влегува потполно подготвен за предизвиците кои го очекуваат во А тимот на Металург.
Марко Нелоски:
Долго го чеκав овој ден, да добијам шанса да тρениρам во еден висоκо пρофесионален клуб каков што е Металург, во кој настапуваат најдобрите македонски ракометари. Пρед мене е голем пρедизвик, но јас сум подготвен да одговоρам на се. Се надевам дека ќе ги исполнам очекувањата на тренерот Лино Червар и на управата на клубот, се надевам дека ќе успеам целосно да се реализирам и во една таква средина.




