
Андреа Лекиќ беше избрана за најдобар играч на турнирот во Ѓер минаната година. Оваа награда беше прва на Лекиќ во вардаровиот дрес . фото-Márta Kállai
ЖРК Вардар СЦБТ и оваа година доби покана за да се најде на ракометниот турнир “PwC Handball Fiesta” во Унгарија (Ѓер). Освен Вардар, домаќинот го повика и норвешки Ларвик. Ланската сезона екипата на ЖРК Вардар СЦБТ стигна во финалето на овој турнир преку победите на Мец ( 28:23) и РК Крим Меркатор ( 29:22). Во финалето избраничките на Индира Кастратовиќ беа убедливо поразени од домаќинот Ѓер со 29:21. Натпреварите ќе се играат на 22, 23 и 24 август во Ѓер. Исто како и ланската година, ќе има пренос од натпреварите на некоја од спортските телевизии во Унгарија.


