На состанокот на извршниот комитет на ЕХФ во Умаг, донесена е одлуката за изгледот на групната фаза за следната сезона на лигата на шампионите.
Во сезоната 2014/2015 освен веќе квалификуваните шампиони од досегашните земји учеснички во лигата на шампиони, директно учество во сезоната 2014/2015 обезбедија и Вардар, Париз Сент Жермен, Монпеље, Пик Сегед, Орлен Висла Плок. Одбиени беа апликациите на словенечкиот вицепрвак Горење, шведскиот Ескилстуна и италијанскиот Јуниор Фасано.
Доколку не се подобри политичката ситуација во Украина, се остава можноста да му се одземе местото на украинскиот шампион Мотор Запорожје и на негово место да дојде Горење Велење.

| Во квалификациската фаза за групите
во Лигата на шампиони место обезбедија: |
Во групната фаза ќе учествуваат следниве екипи: |
| Алпла ХЦ Хард (Австрија) | Алборг Хандболд (Данска) |
| Бешикташ ЈК (Турција) | Алингсас ХК (Шведска) |
| ХЦМ Констанца (Романија) | ФК Барселона (Шпанија) |
| Хаслум ХК (Норвешка) | РК Цеље Пивоварна Лашко (Словенија) |
| Инитиа Хасселт (Белгија) | Чековски Медведи (Русија) |
| Јуниор Фасано (Италија) | Данкерк Гранд Литорал (Франција) |
| РК Мешков Брест (Белорусија) | СГ Фленсбург-Хандевит (Германија) |
| РК Мотор Запорожје (Украина) | Кадетен Шафхаузен (Шведска) |
| ФК Порто (Португалија) | ТХВ Кил (Германија) |
| Татран Прешов (Словачка) | КС Виве Тарги Киелце (Полска) |
| РК Таргос Бево (Холандија) | КИФ Колдинг (Данска) |
| РК Војводина (Србија) | РК Металург (Македонија) |
| Монпеље АХ (Франција) | |
| Натурхаус Ла Риоха (Шпанија) | |
| Орлен Висла Плок С.А. (Полска) | |
| Пик Сегед (Унгарија) | |
| ПСЖ ХБ (Франција) | |
| Рајн Некар Ловен (Германија) | |
| РК Вардар (Македонија) | |
| МКБ-МВМ Веспрем (Унгарија) | |
| РК Загреб (Хрватска) |
Оваа сезона нема да има турнир со “вајд-карта”, туку само победниците од трите квалификациски групи ќе им се придружат на тимовите кои се директно пласирани во групната фаза.
Победникот на Лигата на шампиони 2013/2014, германскиот клуб Фленсбург Хандевит исто така обезбеди директен пласман во групната фаза.