Минатата сезона Хави Гарсија ја одигра во екипата на Нант заедно со своите сонародници Алберто Ентрериос, Хорхе Македа и Валеро Ривера. Тој настапи на 20 натпревари во кои успеа да постигне 15 голови. Нант со 35 бодови се пласираше на 4-то место веднаш зад водечкото трио Данкерк, ПСЖ и Монпелје.
Гарсија ја започна својата професионална кариера во шпанската Асобал лига во сезоната 2011/12 играјки за екипата на Арагон. Во Сарагоса се играше 2 години по што потпиша за екипата на Нант каде ја одигра изминатата сезона. Оваа сезона се враќа во шпанскиот ракомет како играч на Натурхаус Ла Риоха под водство на новиот тренер “Хота” Гонзалес. Амбициите на клубот се една од причините кои го натераа да потпише договор со Натурхаус Ла Риоха.
Хави Гарсија ( Натурхаус Ла Риоха)
Со голем ентузијазам влегувам во овој проект бидејки екипата на Натурхаус Ла Риоха играше извонредно изминативе сезони. Познавам голем дел од играчите кои ми зборуваат само најдобро за клубот и градот. Исто така знам дека под водство на “Хота” многу ќе напредувам како играч.
Амбициите на клубот се многу високи. Ќе го дадам својот максимум тренерот и навивачите да бидат задоволни од мене, и се надевам дека ќе успееме да ја освоиме титулата. Заедно со “Хота” ќе работам на мојата игра во одбраната. Можам да помогнам во блокот бидејки сум висок.
Екипата има извонредни играчи. Беа донесени искусни ракометари како Хуанин Гарсија и Алберт Рокас, и доста млади ракометари со желба за победа како Виго, Качеда и Гомес. Екипа со големи амбиции која секогаш ќе атакува на врвот.


