Женската репрезентација на Србија со победа против Словенија со резултат 32:25, ја обезбеди визата за Европското ракометно првенство-2014 во Унгарија и Хрватска. Пред 2000 фанови во спортската сала „Чаир“, србинките беа подобри и заслужено патуваат на ЕП. Ракометарката на ЖРК Вардар СЦБТ, Андреа Лекиќ беше предводник на српската селекција со 9 голови, во првото полувреме Лекиќ постигна 8 голови. Отпорот на Словенките траеше во првите 10 минути кога резултатот беше 5:4 за Словенија, тоа беше последно водство за репрезентацијата на Словенија. Новата ракометарка на ЖРК Вардар СЦБТ, Барбара Лазовиќ постигна 4 голови во мрежата на Србија.
Србија-Словенија 32:25 ( 18-15)
Србија: Поповиќ 3, Лекиќ 9, Дамјановиќ 7, Живковиќ 2, Нишавиќ 4, Цвијиќ 1, Милошевиќ 3, Стоилковиќ 3 ,
Словенија: Митрушевска 2, Грос 5, Лазовиќ 4, Корен 1, Ирман 5, Петриња 1, Сон 2, Губерниќ 1, Хрњиќ 2 , Крхликар 2
На ЕП-2014 освен домаќините Унгарија и Хрватска ќе бидат и селекциите на: Данска, Украина, Франција, Словачка, Црна Гора, Полска, Шпанија, Холандија, Шведска, Србија, Норвешка, Романија, Германија и Русија.
Репрезентацијата на Словачка по пауза од 19 години, повторно ќе биде дел од европското ракометно првенство.


