Шок за Норвешка: Австрија во Катар

Со резултат 28-28, репрезентацијата на Австрија направи изненадување во Берген , остана непоразена на гостувањето и со двата гола предност од првиот дуел се пласира на Светското првенство во Катар 2015.По 120 одиграни минути норвешките ракометари со наведнати глави ја напуштија  Сотра арената свесни за пропуштената шанса. Австријците ја завршија најголемата работа во првото полувреме каде имаа предност од четири гола 17-14 кои на крајот не беа достижни за норвешките ракометари. Одличната тактика на исландскиот стратег на клупата на Австрија и огромната мотивираност беа пресудни на почетокот на следната година Австрија да биде дел од најдобрите репрезентации во светот.