Србија елиминирана од Чешка во баражот за пласман на СП во Катар

Репрезентацијата на Србија во вториот бараж натпревар против репрезентацијата на Чешка беше декласирана со цели 12 голови разлика 33-21 и не успеа да се пласира на Светското првенство во Катар 2015 година.

Да биде трагедијата поголема, србите успеаа да прокоцкаат цели 8 голови предност кои си ги обезбедија на првиот натпревар одигран во Ниш, за нивна жалост не беа доволни за пласман во Катар.
Импресионираноста од атмосферата и големиот број технички грешки беа главната причина за овој дебакл на српската репрезентација. Чесите знаеа како да ги казнат буквално сите грешки на противникот и преку контра напади реализираа од секоја можна позиција. Веќе на полувреме Чешката репрезентација имаше двоцифрена разлика 18-8.

Србија како однапред да се предаде на овој натпревар, не покажуваше знаци дека може да се врати во игра, а и Чешките ракометари не ни помислуваа да препуштат ништо на случајноста. До самиот крај го контролираа резултатот за конечни 33-21 и потпоплно го заслужија пласманот на Светското првенство во Катар 2015 година. Мотл со десет и Јурка со девет голови беа најдобри стрелци во Чешката репрезентација, додека Рниќ четири пати се запиша во листата на стрелците за Србија.