Иван Нинчевиќ во турскиот шампион!

Како што пишува турски Hentbolgazete, хрватскиот интернационалец, Иван Нинчевиќ во наредната сезона, ќе ги брани боите на турскиот шампион Бешикташ. Тој во Истанбул се сели од Минск каде играше за шампионот на Белорусија, Динамо се до неговото распаѓање. Претходно Нинчевиќ ги бранеше боите на уште еден ракометен великан, германскиот Фуксе Берлин, исто така со репрезентацијата на Хрватска има освоено еден сребрен медал (Светско првенство 2009) и три бронзи (Европското првенство 2012, Олимписки игри 2013 и Светско првентсво 2014).

Во негово име, менаџерот на екипата на Бешикташ, Берк Карахан ја пренесе изјавата на левото крило:

„Минатата сезона ја гледав екипата на Бешикташ (во квалификациите за Лигата на шампиони) и се изненадив од тимот бидејќи не очекував толку квалитетна екипа. Пресреќен сум тука, сигурен сум дека ќе постигнеме добри резултати во новата сезона. Со нетрпение го чекам почетокот на сезоната и на навивачите им ветувам одлична игра и весели моменти. Во Бешикташ дојдов затоа што е најголем клуб тука во Истанбул, сакам да ја живеам атмносферата и магијата што ја нуди градот.“