Иако се најавуваше доминантна игра на германската репрезентација и лесен и убедлив увод во Европското првенство во Хрватска и Унгарија, сепак храбрите македонки на големо изненадување на ракометниот свет поведоа со неверојатни 5-0 по првите 12 минути и најавија неизвесен меч во СРЦ „Кале“.

Серијата ја започна Деспотовска, а во 13-тата минута ја прекина најдобрата поединка на теренот, новата членка на шампионскиот состав на Ѓер, Сузан Милер. Меѓутоа агонијата за германките не застана тука, со конфузни и предвидливи напади кои завршуваа со шут над средината на одбраната, брзоплети контри и полу контри и одличниот ден на Зафирова ја доведоа Макеоднија во водство по првите 30 минути од 11-9.

По полувремето за прв пат на натпреварот во игра влегоа искусниот пивот Ања Алтхаус и младата и талентирана Миневскаја, двете ракометарки кои заедно со одличните одбрани на Волтеринг и ја донесоа победата на Германија. Со влегувањето на Алтхаус одбраната доби на цврстина и искуство кое беше нерешлив проблем за недисциплинираните удари на македоската репрезентација најчесто од неизграденаи позиции, прочитани од голманот на Будуќност, Клара Волтеринг.

Миневскаја го најави пресвртот во 32 минута со израмнувачкиот гол за 11-11, но македонската репрезентација не се откажа од изненадување. Илкова и Деспотовска повторно ја вратија Макеодонија на два разлика се до 45-тата минута кога со голот на Милер Германија израмни на 15-15. Од 45-та минута и голот на Запф за пресврт на натпреварот, гостинките целосно ја контролираа играта на теренот, а расположената Миневскаја само долеваше масло на огнот.Македоските репрезентативки застанаа и ја почувствуваа физичката надмоќност на германките кои со голот на Милер направија недостижни три голови предност на пет минути пред крај.
Кога веќе беше јасно кој ќе ги земе двата бода Миневскаја со перфектен скок шут ги постави највисоките четири голови предност 18-22, по што следуваше задоцнета реакција на македонските ракометарки кои со мини серија од 2-0 ги поставија конечните 21-23.




