Еве ја листата на градовите домаќини:
Aix en Provence: Француската федерација во соработка со градот се фокусира на изградба на нова арена со капацитет од 6000 седишта која треба да биде готова до крајот на 2016 година.
Albertville: Натпреварите ќе се играат во олимписката сала која собира 7100 гледачи и ќе биде реновирана во модерна мултифункционална сала.Проектот ќе добие подршка и Заедницата на општини во регионот Албертвил.
Brest: Брест арената која има капацитет од 4300 седишта, исто така ќе биде домаќин на најдобрите светски ракометари. Проектот е подржан од градот Брест.
Lille: Лил за прв пат ќе биде домаќин на едно светско првенство. Градот Лил планира да го понуди Пјер Мару стадионот кој би требало да биде приспособен за ракомет со капацитет од 25 000 гледачи. Во план е селекцијата на Франција своите натпревари од осмина и четврт финалето да ги одигра во Лил, секако доколку успее да се пласира.
Metz: Исто како и на Светското првенство за жени во 2007 година, арената во Мец која има капацитет од 5300 седишта ќе биде домаќин и на Светското првенство за мажи во 2017 година.И овој проект е подржан од градот Мец, како и од генералниот и регионалниот совет на Лориен.
Montpellier: Натпреварите ќе се играат во тврдината на францускиот ракомет а тоа е Park & Suites Arena која е со капацитет од 9000 седишта. Секако овој проект доби подршка и од градот Монпелје.
Nantes: La Halle XXL du Parc des Expositions de Nantes која беше пуштена во употреба во 2013 година и има капацитет од 10 500 гледачи ќе биде главното собиралиште на сите ракометни фанови во Нант.
Paris: Новата Bercy Arena со капацитет од 16 000 седошта ќе ги прими сите ракометни љубители. Кандидатурата на главниот град е подржана од советот на град Париз.
Rouen: Kindarena со капацитет од 5300 седишта ќе биде салата каде ќе се одигруваат натпреварите.
Се проценува дека буџетот на Светското првенство во Франција 2017 година ќе изнесува 24 000 000 евра.


