Србија убедливо против Чешка, БиХ минимално против Исланд

Селекцијата на Србија во бараж натпреварот за СП во Катар беше убедлива против Чешка со резултат 23:15. Во салата „Чаир” во првиот дел најрасположен беше Никчевиќ, а свое шоу имаше Дарко Станиќ со 17 одбрани. Чешка за 60 минути постигна само 15 голови, а во првото полувреме резултатот беше 13:6 за домаќините. Главната чешка „ѕвезда“ Филип Јиха не постигна ниту еден гол, освен непрецизноста Јиха заработи и црвен картон. Најефикасен кај домаќините беше Момир Илиќ со седум голови, во поразениот табор Мартин Стрженек беше расположен за игра со седум голови.
СРБИЈА: Станиќ , Коциќ, Пушица, Вујин , Никчевиќ , Крсманчиќ , Радивојевиќ, Илиќ , Стојковиќ , Илиќ Н. , Митровиќ , Бељански , Рниќ, Вучковиќ, Зеленовиќ, Митровиќ
ЧЕШКА: Бабак, Бечвар, Галиа, Хорак, Хрстка, Јиха, Јурка, Касал, Кубеш, Мотл, Петровски, Синделар, Собол, Стехлик, Штохл, Стржинек
0_dsc_2157

Трагичар на мечот со Србија, Филип Јиха Фото: Алекс Виф/ČSH


Репрезентацијата на БиХ славеше минимална победа против Исланд со 33:32. Иако на полувреме домаќините имаа негатива од три разлика (14-17), во продолжените од натпреварот со добар пресврт и со помош на публиката стигнаа до победа. Реванш натпреварот се игра во Исланд.
БиХ: Граховец (4 одбрани), Вражелиќ 5, Овчина 1, Мандиќ, Буриќ С. 1, Паниќ, Чакиќ 1, Буриќ Б. (6 odbrana), Савиќ 2, Торомановиќ 1, Челица 3, Карачиќ 6, Прче 11 (2), Бубало, Врањеш 1, Малиновиќ 1; Селектор: Драган Марковиќ.
Исланд: Густавсон, Сваварсон, Халгримсон 6, Атласон 4, Олафсон 1, Сигурдсон 6, Гудјонсон 2, Гудмундсон 2, Гунарсон А. T., Петерсон 7, Јакобсон, Гунарсон Р. 3, Петурсон, Елисон, Гунарсон Б. М. 1, Џонсон; Селектор: Арон Кристијансон.

Резултати од квалификациски средби за СП во Катар:

Полска 25  Германија 24 ( 9-12)

Романија 24  Шведска 25 ( 9-8)

Русија 30  Литванија 22 ( 14-11)

Австрија 28  Норвешка 26 (15-16)

Грција 25  Македонија 27 (12-13)

БиХ 33   Исланд 32 ( 14-17)

Србија 23  Чешка 15 ( 13-6)