Почетните минути им припаднаа на домаќините кои пред 6000 гледачи, веќе се видоа на Светското првенство. Одличната 3-2-1 одбрана им овозможи лесно 3-0 водство. Првиот гол, Словенците го постигнаа во 6 минута, со погодок кој им ги врати надежите, а предводникот на оваа репрезентација Драган Гајиќ неколку минути подоцна намали на 4-3. Тоа не ги збуни Унгарците, кои набрзина искористија две грешки на гостите и повторно стигнаа до три гола предност. По 15 минути игра, тренерот на словенечката репрезентација, Борис Дениќ, беше принуден да ја искористи едноминутната пауза за да ги консолидира своите ракометари. Словенците едноставно не беа во можност да ја пробијат агресивна одбрана на Унгарија, но со добра игра од контра Јуре Натек и Гајиќ намалија на 10-9, резултат со кој се отиде на пауза.
Второто полувреме започна лошо за гостите. Грешките во нападот и одбраната беа од голема помош за Унгарците, кои истотака имаа безидејни периоди, но резултатот беше во нивна полза, 19:16. Словенците се приближија до предноста на домаќините, на само два разлика со голот на Себастијан Скубе во 42 минута од контра напад за 19:21, но во следниот напад преку Харшањи, унгарците повторно зголемија на три гола, разлика која достигнуваше и пет погодоци предност во последниот период од натпреварот. На 40 секунди пред крајот Безјак намали на 22:25, што исто така беше крајниот исход, откако Шкоф го одбрани последниот унгарскиот напад.
УНГАРИЈА – Словенија 25:22 (16:15)
Харшањи 9, Илјеш 4; Гаиќ 9, Натек 4
Возвратниот натпревар ќе биде на 15 јуни во Велење.


