Екатерина Давиденко пак карирата ја продолжува во Баиа Маре, додека Екатерина Илина се одлучи да потпише за екипата на Ростов Дон.
Конкурентот на Лада во руското првенство екипата на Звезда Звенингород добива засилување на голманската позиција со Марија Басараб и централната бековска позиција со Екатерина Смирнова.
Сестрите Жилинскајте и Олга Горшенина заминуваат пак во екипата на Астраханочка од Астрахан.
– Многу ми е жал што ги изгубиме сите овие играчи кои ја започнаа кариерата во нашиот клуб, но реалноста е дека во агресивна трансфер политика на клубовите како Ростов и Астраханочка не бевме во можност да ги задржиме играчите. Лично за мене, ова што се случува е трагедија, но во врска со ова не може ништо да се стори, мораме да продолжиме понтаму” изјави директорот на клубот Расул Баталов за официјалниот сајт на клубот.


