Ракометарите на Војводина повторно се шампиони на Србија. Војводина славеше победа против Црвена Звезда во последното коло со резултат 33:30 и го осигура првото место. Војводина по трет пат ја освојува шампионската титула, а пехарот од ланската сезона останува во Нови Сад. Првото место на ракометарите на Војводина му овозможи натпреварување во Сеха-лигата како и настап во квалификациите во Лигата на шампионите идната сезона. Иако Војводина го делеше првото место со Раднички со исто број на бодови ( 15 ) сепак Војводина во меѓусебните два дуели со Раднички освои три бодови (победа и реми). Овој резултат беше доволен за екипата од Нови Сад да стане шампион.


