Мисијата „Катар 2015“ започнува во Атина

Веднаш по завршувањето на домашното првенство, македонската ракометна репрезентација почна со подготовките за престојниот квалификациски натпревар со Грција со кои една од репрезетнтациите ќе обезбеди место на Светското Првенство 2015 во Катар.
Од минатата среда репрезентацијата се наоѓа во Охрид, каде се очекуваат десниот бек Кирил Лазаров и голманот Борко Ристовски кои треба да се прикулучат на националниот тим оваа недела.

Прибак

Фото: Благој Ачевски

После добивањето на македонско државјанство, вториот стрелец во Лигата на шампионите, десниот бек на Металург, Ренато Вугринец се стекна со право за настап за репрезентацијата на Македонија и се очекува неговиот прв натпревар да биде токму против екипата на Грција во првото коло на 7 јуни.

Вугринец

Фото: Благој Ачевски

“Ренато Вугринец е меѓу најдобрите стрелци во Лигата на шампионите што значи дека тој е одличен играч. Благодарение на него се очекува нашата репрезентација да добие на искуство и квалитет”

изјави средниот бек на репрезентацијата Филип Миркуловски

Долги години словенецот беше клучен играч на словенечката репрезентација постигнувајќи 616 гола во 187 натпревари. Во оваа сезона на Лигата на шампиони тој постигна дури 95 и беше најдобар стрелец во оваа кокнкуренција пред стартот на “фајнал фор” турнирот.
После долгата повреда на коленото, која го остави надвор од ракометните терени неколку месеци, централниот бек на македонската репрезентацијата, Наумче Мојсовски, ќе се врати на овој двомеч.

Сепак голема е веројатноста, тренерот Ивица Обрван да го одмара на клупата на првиот меч, оставајќи ја отворена можност за негов настап на вториот натпревар.
Покрај веќе докажаните играчи, Обрван исто така повика неколку млади талентирани ракометари, а меѓу нив е најперспективниот лев бек во Македонија, Филип Талевски.
Искусниот пивот Ванчо Димовски, изјави:

“Имаме неколку млади играчи во тимот и еден од нив е Филип. Неговото време допрва доаѓа, и тој ќе стеке одлично искуство од овој собир”

“На хартија ние сме фаворити во натпреварот против Грција во овие квалифкации. Секако би сакале да се квалификуваме на финалниот турнир и затоа ќе се потрудиме максимално, да дадеме се од себе уште во првиот напревар за да имаме мирен решавачки напревар во Скопје.”

Линк до статијата