Женскиот ракометен клуб Вац од Унгарија прави амбициозна екипа за следната сезона. Раководсството на клубот реши да направи голем чекор со трансфер на ракометарки од Вардар СЦБТ и Ѓер Ауди ЕТО. Младата Марија Штериова од ЖРК Вардар СЦБТ беше првото засилување за екипата, потоа во своите редови ги донесоа Хорњак Дора од Ѓер и Тот Естер од Веспрем. Во текот на неделата ќе има уште неколку потенцијални засилувања. Клубот сака да ја зголеми конкуренцијата за второто место и да го задржи учеството на европска сцена.


