Фленсбург 30-28 Кил (14-16)
Но избраниците на Љубомир Врањеш во првото германско финале во “фајнал фор” историјата на Лигата на шампионите ја запишаа својата четврта европска титула, овој пат најсјајната.

Фото: www.facebook.com/ehf.champions.league
Во почетните минути од натпреварот, Фленсбург можеше само немоќно да ги следи разорните удари на Вујин и Палмерсон, а на спротивната страна Могесен, Вајнхол и Сван Хансен не можеа да го пронајдат патот до голот на Сјостранд, покрај одличната 6-0 одбрана на германскиот шампион. Во 12-та минута Кил беше во водство 8-3, но Сван Хансен со два брзи голови го врати Фленсбург на три разлика 8-5. Сепак, трите исклучувања во тој дел од натпреварот Кил умешно ги искористи и со нови три голови го имаше најголемото водство од 5-11. Неколку добри одбрани на Андерсон не дозволија Кил предвреме да започне со прослава на титулата, затоа по 30 одиграни минути Фленсбург се доближи на само два гола разлика зад Кил, на 14-16.

Фото: www.facebook.com/ehf.champions.league
Гландорф го отвори второто полувреме, за само еден гол заостаток зад Кил. Во најнеизвесниот дел од големото финале во почетните минути од првиот дел со „run & gun“( н.з. „ран анд ган“) игра, која може да се опише како конфузна, со многу неизнудени грешки, најдобро се снајде Фленсбург. Во 37-та минута, Могесен изедначи на 19-19, а со одличен цепелин, Егерт на асистенција на Ласе Сван го носи првото водство на Фленсбург од 20-19, кое во 16-тата минута Могесен го претвори во највисоки четири гола разлика 25-21.

Фото: www.facebook.com/ehf.champions.league
Големиот Кил го подигна нивото и ја искористи свежината на Жалуз, за намалување на водството на само два гола разлика во 52 минута. Во 56-тата минута по тајмаутот на Гисласон, Марко Вујин намали на само еден гол 29-28, но тоа беше се што можеше Кил да направи во ова финале. Андерсон со 22 одбрани е човекот најзаслужен за првиот и најсјајниот европски трофеј на Фленсбург.

Фото: www.facebook.com/ehf.champions.league
Најпрецизени на овој натпревар беа Егерт и Сван со 7 постигнати голови.
Натпреварот го судеше данската судиска двојка Мадс Хансен/Гјединг Мартин, најдобриот судиски пар во светот во моментот.


