Екипата на Алпла во третиот натпревар на австриското финале успеа да ја совлада екипата на Фиверс со 31-28(15-12) и да ја освои шампионската титула на оваа земја.Ова е трета шампионска титула по ред за екипата на Алпла, но оваа година е историска за овој тим бидејќи за прват е освоена и дуплата круна.
Најдобар стрелец за Алпла на овој натпревар беше Вебер кој постигна 6 голови, додека Косина, Шмит, Крсмановиќ и Танасковиќ беа стрелци на 4.


