Пасквал во периодот од (2005 до 2008 година) беше тренер на голманите, од (2006 до 2008 година) беше тренер на младинските категории и помошник тренер, за да во 2009 година ја превземе улогата прв тренер на Барселона.
Во наредните 3 години тој ќе ги извршува улогите на прв тренер и технички секретар во екипата. Во својата кариера Чави Пасквал има освоено многу титули со екипата на Барселона како што се ( четири последователни шампионски титули во Асобал лигата 2011,2012,2013,2014, титула во лигата на шампони 2010/2011, светска клубска титула во 2013 година, 4 куп титули, 3 супер купови на Шпанија) или вкупно 20 титули во 4 и пол сезони на клупата на Барселона.
Досега во оваа сезона Барса ја освои Асобал лигата, супер купот, купот на кралот и светското клупско првенство. Останува уште европската шампионска титула за која ќе се борат од 31 мај до 1 јуни во Ланксес Арената во Келн.


