На почетокот на второто полувреме свои моменти на голот на Киелце имаше Славомир Шмал , по што гостите со голот на Иван Чупиќ поведоа за првпат на овој натпревар со 16-17 во 39 минута. Но, тоа не влијаеше поразително на домашната екипа, која носена на крилата на своите фанови успеа повторно да се врати во игра и со головите на Монторо и Сипрзак од конта напад повторно дојде до највисоките 3 голови разлика 22-19 во 48 минута. Одличната домашна одбрана овозможи нова контра за Вишњевски за 24-20 по што веќе се гледаше победникот на овој натпревар. Киелце се обиде во последните минути да направи нешто повеќе и да се врати во натпреварот но Мариуш Јуркевич кој беше незадржлив на овој натпревар го постигна својот 11-ти гол за 29-25 во 57 минута. Конечниот резултат гласеше 31-27 за Висла.
Со оваа победа Виска Плок намали на 2-1 во финалната серија и остана во трка за шампионската титула. Веќе денес не очекува уште поголема борба во четвртиот финален натпревар помеѓу овие два тима во Орлен Арената кој се игра од 17:3o часот.
Плок 24.о5 2014 20:30 часот (Орлен Арена)
Висла Плок – Киелце 31-27 ( 15-14)
Висла Плок: Шего/, Вичари(9 одбрани), Вишњевски 2, Гионеа 1, Никчевиќ 3, Квјатовски, Торомановиќ 2, Сипрзак 2, Ненадиќ 5, Јуркевиќ 11, Лијевски 2, Еклемовиќ 2, Монторо.
Киелце: Шмал( 8 одбрани), Лосерт(1 одбрана) Олафсон 3, Штрлек, Чупиќ 4, Грабарчук, Агинагалде 1, Муса, Јурецки, Ткачик 1, Чрапковски 3, Биелицки 7, Бунтиќ 8, Зорман 2, Росински.



