Светското Јуниорско Првенство до 20 години ќе се одржи во Хрватска од 28 јуни до 13 јули 2014 година. Домаќини ќе бидат градовите: Загреб, Копривница, Дуго Село и Чаковец. Бранител на трофејот е селекцијата на Шведска која пред две години во Чешка го освои златниот медал во борба против Франција со резултат од 29:22, бронзена беше селекцијата на Унгарија која беше подобра од Србија со резултат од 26:24.

Фото: Урош Хочевар, ИХФ
Група А-Дуго Село
1. Норвешка
2. Кореја
3. Хрватска
4. Чешка Република
5. Уругвај
6. Казахстан
Група Б-Загреб
1. Данска
2. Холандија
3. Германија
4. Ангола
5. Србија
6. Аргентина
Група Ц- Копривница
1. Унгарија
2. Франција
3. Шведска
4. Јапонија
5. Конго
6. Португалија
Група Д- Чаковец
1. Русија
2. Романија
3. Словенија
4. Бразил
5. Кина
6. Тунис
Се очекува интересна борба во Загреб и Чаковец .


