Женската селекција на Црна Гора за неколку недели ќе ги почне своите подготовки за квалификациите за Европското Ракометно Првенство кое ќе се одржи во Хрватска и Унгарија од 7 до 21 декември 2014 година. Црна Гора, во квалификациите игра против селекциите на Полска и Португалија. Во составот ќе бидат и двете ракометарки на ЖРК Вардар СЦБТ, Јованка Радичевиќ и Андреа Кликовац. На списокот се 18 ракометарки. Селекторот Драган Аџиќ мораше да најде квалитетни замени за повредените Сузана Лазовиќ, Радмила Петровиќ , Сара Вукчевиќ и Соња Бајрактаровиќ. Свој деби настап ќе имаат ракометарките од ЖРК Даниловград (втор тим Будуќност). Вистински хендикеп за Аџиќ ќе биде позицијата пивот, на таа позиција е само младата Ема Рамушовиќ од ЖРК Даниловград. Собирот е закажан за 2 јуни во Подгорица.

Фото-www.zimbio.com
Голман
Марина Вукчевиќ -ЖРК Будуќност
Лубица Ненедиќ- ЖРК Даниловград
Ана Рајковиќ ЖРК Даниловград
Крило
Мајда Мехмедовиќ -ЖРК Будуќност
Билјана Павичевиќ- ЖРК Будуќност
Јованка Радичевиќ-ЖРК Вардар СЦБТ
Дијана Укуќ-ЖРК Даниловград
Марија Мугоша-ЖРК Будуќност
Оливера Вукчевиќ – ЖРК Будуќност
Бекови
Милена Кнежевиќ – ЖРК Будуќност
Марија Јовановиќ – Астраханочка
Ѓурѓина Јауковиќ -ЖРК Даниловград
Анѓела Булатовиќ- РК Крим Меркатор
Јелена Деспотовиќ- МТК Будимпешта
Ванеса Аговиќ -ЖРК Даниловград
Катарина Булатовиќ- Ѓер
Андреа Кликовац- ЖРК Вардар СЦБТ
Ѓурѓина Маловиќ ЖРК Даниловград
Пивот
Ема Рамушовиќ – ЖРК Даниловград


