Денес во Хотелот „Александар Палас“ се одржа ждрепката за Светското ракометно првенство за ракометарки до 18 години на кое домаќин е Македонија. Нашата репрезентација ќе игра во групата Ц заедно со репрезентациите на Данска, Романија, Узбекистан, Германија и Аргентина.



