Европскиот првак Ѓер во следната сезона ќе биде засилен со Макарена Агилар и Анна Сен.
Макарена Агилар (29) е репрезентативка на Шпанија, и во Ѓер доаѓа од Данскиот клуб Рандерс каде што помина две сезони.

Фото:-www.zimbio.com
Русинката Анна Сен ( 23) во Ѓер доаѓа од Ростов-Дон.
Макарена Агилар во Ѓер ќе ја дополни централната позиција, а пак Анна Сен левата страна. Во екипата на Ѓер ќе пристигне и германката Сузан Милер од германската екипа Лајпциг која потпиша договор за три сезони, покрај Милер унгарската екипа Ѓер ќе добие и свежина на пикерската позиција, Локе која го носеше целиот товар во изминатите сезони, ќе има достојна замена која ќе пристигна од Копривница, искусната Весна Милановиќ Литре потпиша договор за една сезона со можност за продолжување на договорот.



