Сирил Димулин: Тимот на Феникс Тулуз секоја година се повеќе расте, се работи многу професионално, и ја со нетрпение очекувам да учествувам во овој проект.Договорот се случи многу брзо, почуствував голема желба кај водечките луѓе од клубот да ме доведат во своите редови и така дојде до оваа соработка. Познавам поголем дел од играчите во клубот и тоа ќе претставува уште една олеснителна околност. Слушнав многу позитивни работи за градот и за животот тука, но за сега го знам само патот од аеродромот до салата. Се надевам за многу брзо време тоа ќе се промени.
Филип Далард (претседател, Феникс Тулуз): Сирил е голем играч и тој потпиша за нас за да ни помогне во трансормацијата на клубот. Неговиот потпис е доказ за нашата желба да го донесеме Феникс Тулуз на највисоко можно ниво. Се надевам дека со своето искуство, Димулин многу ќе му помогне на клубот.



