
Фото: www.vivetargi.pl
Мариуш Јуркевич (централен бек, Висла Плок):
Ние покажавме две различни лица овој викенд во Киелце.По првиот катастрофален натпревар одржавме состанок, ги консолидиравме своите редови и веќе на вториот натпревар покажавме колку можеме да дадеме во ова финале. Игравме добра одбрана и не му дозволивме на противникот лесно да постигнува голови. Имаше голема разлика од првиот натпревар успеавме да го доведеме натпреварот во продолжение.
Талант Душебаев(тренер, Киелце):
Среќен сум поради водството од 2-0 кое го имаме во финалната серија но не и од играта која ја прикажаа моите ракометари. Имавме проблем со концентрацијата, и ова не ни се случува прв пат. Денес при нападот на нивната 5-1 одбрана многу грешевме. Во последните минути ја сменивме одбраната во 6-0 бидејќи повеќето од играчите веќе беа уморни.
Томаш Росински (централен бек, Киелце):
Денешниот натпревар беше многу потежок од натпреварот во саботата. Многу потешко игравме во нападот. За наша среќа успеавме да одиграме поконцентрирано во продолжението, иако и тогаш имавме некои грешки. Наша желба е во Плок да одиграме многу подобро и да ја завршиме серијата во три натпревари.
Збигњев Кватковски (пикер, Висла Плок):
На денешниот натпревар се боревме со сите сили. На екипата на Киелце не и беше лесно како на првиот натпревар. Сите во мојата екипа се прашувавме што која беше причината што убедливо го загубивме првиот натпревар. Денес дадовме се од себе да го добиеме овој натпревар, но за наша несреќа Киелце повторно победи. Но ја се надевам дека ќе одиграме уште два натпревари во Плок и навистина имаме голема желба да победиме. Наша желба е да се вратиме во Киелце на 5-тиот одлучувачки натпревар. Заедно со тренерот ќе направиме анализи, и со подршка од нашите навивачи сигурен сум дека ќе се вратиме во игра.
По завршување на натпреварот следуваше свечен момент на кој со овации беа испратени Венио Лосерт и Торир Олафсон кои од наредната сезона нема да ги бранат боите на Киелце.
Трет натпревар (24 мај,Орлен арена Плок 17:00 часот)






