Ракометарките на Ѓер Ауди ЕТО уште еднаш ја потврдија својата доминација во Унгарија. Во финалето за шампионската титула беа убедливи против ФТЦ Будимпешта со резултат 30:25 ( 16-11). Уште од самиот почеток Ѓер тргна во офанзива, и успешно ја заврши сезоната. Титулата во првенството беше како шлаг на освоената лига на шампиони. Најефикасни во победата на Ѓер беа Локе и Ковачиќ со седум постигнати голови, кај поразената екипа Томори упати седум прецизни удари, а пак шпанската репрезентативка Пена беше стрелец на шест постигнати голови во мрежата на Ѓер. Првиот натпревар меѓу овие две екипи заврши со резултат 32:25.
Ѓер наредната сезона ќе биде без Катарина Булатовиќ која потпиша за Будуќност , и Тервел која ја завршува својата успешна кариера.



