Вардар- Охрид 2011 36-19 (18-8)
Првиот натпревар се одигра од 13:00 часот, во кој Вардар рутински ги совлада гостите од Охрид со 36:19. Добривоје Марковиќ со 8 гола беше најпрецизен во домашната екипа, Филип Лазаров постигна 6, додека Тимур Дибиров и Владо Недановски пет пати се запишаа во листата на стрелците. Најрасположен ракометар во екипата на Охрид 2011 беше Соколов постигнувајќи 5 голови.
Вардар-Металург Јуниор 36-20
Во вториот натпревар кој на програмата беше од 19:00 часот, Вардар скоро идендично го совлада тимот на Металург Јуниор со високи 36-20 и го завери пласманот во полуфиналето на македонскиот ракометен куп кој се игра престојниов викенд (17 и 18 мај) во Охрид. Младиот тим на Металург мотивирано го започна овој натпревар и преку својот ракометен бисер Филип Талески во почетните десетина минути имаше предност од два гола. Но тоа беше се што сторија младите Металурзи. Вардар притисна во одбраната, го неутрализира Талески и најчесто преку лесни контри го торпедираше голот на Металург Јуниор. Марковиќ со 10 голови беше најпрецизен Вардаров играч, додека Бриумен 6 пати се запиша во листата на стрелците. Кај Металург Манасков постигна 7, а Талески беше стрелец на 5 голови.
Полуфинални натпревари ( 17 мај, СЦ „Билјанини извори“, Охрид)
РК Вардар Скопје – РК Тинекс Пролет
РК Металург – РК Зомимак M Струмица
*Финале ( 18 мај, СЦ „Билјанини извори“, Охрид)*


