Ќе има нов танц во соблекувална: Шведска прва си обезбеди полуфинале на СП

Во меч со возбудлива завршница особено последните десет минути селекцијата на Шведска успеа да дојде до победа над Данска од 26:23 и на тој начин да стане првиот полуфиналист на Светското првенство во Германија.

Швеѓанките покажаа повеќе на овој дуел, но немаа така сигурна контрола на резултатот како што се очекуваше. Ракометарките од Данска имаа подобро отворање и до 20. минута беа во предност. Успеаја да имаат водство, но пред крајот на првиот дел потфрлија, па Шведска се избори за предност од 13:11 на одморот.

Вториот дел беше далеку поубедлив за Шведска особено првите 15 минути. До 45. минута тие создадоа предност од седум гола, а последен пат водеа со 22:15. После ова следуваше нешто полош период во кој Данска успеа да се врати и да се избори за приклучок. Меѓутоа најмногу што беше направено беше негатива од два гола.

Тоа и донесе на Шведска победа од 26:23, па на крајот Швеѓанките станаа првите полуфиналистки и ќе можат мирно да го одгледаат дуелот меѓу Црна Гора и Франција од 20:45 часот кога ќе падне одлука за противникот во полуфиналето в петок.

ШВЕДСКА – ДАНСКА    26:23 (13:11)

ШВЕДСКА: Иден (7 одб., 1 сед.), Бундсен, Тофт Хансен, Мелегерд 2/3, Екенман-Фернис, Стромберг, Робертс 3/6, Санд, Густин 2/3, Вестберг 1/1, Лагерквист 2/3, Гулден 5/11, Бломстранд 7/7, Хагман 4/7, Јакобсен, Алм

Седмерци: 3/4, Исклучувања: 4 мин.

ДАНСКА: Тофт (9 одб., 1 сед.), Рејнхард, Иверсен, Фискер 1/1, Волер 2/3, Хејндал 2/3, Боме, Григел 1/2, Нилсен, Транборг 7/14, Л. Јоргенсен 1/3, К. Јоргенсен, Јенсен 2/3, Бургард, С. Јоргенсен 6/10, Хаугстед 1/3.

Седмерци: 2/3, Исклучувања: 8 мин.