Јуниор не виде мака против Преспа

Ракометарите на Јуниор Кисела Вода ја продолжија победничката серија во плеј-офот од Првата лига и славеа над Преспа со 32-22.

Гостите, кои беа ослабени за неиграњето на десниот бек Мирков и голманот Борче Ристевски, поведоа само на стартот со 0-1.

Потоа се беше во знакот на домашните, кои до паузата стигнаа до предност од 14-11, а во вториот дел заиграа уште подобро и целосно го дотолчија противникот за конечни 32-22.

Најдобар стрелец кај победникот беше Јаховиќ со шест голови, а по четири постигнаа Колоски, Крстевски и Бикоски, додека кај Преспа се истакна Шабединовски со шест погодоци.