Навивачите на европскиот шампион-Ѓер можат да здивнат во пресрет на првиот полуфинален натпревар против екипата на ЦСМ Букурешт.
ЕХФ го објави списокот на пријавени ракометарки за престојниот натпревар, а на него се најде името на една од најдобрите ракометарки на Ѓер, норвежанката Нора Морк.

И тука не би имало ништо чудно, доколку Морк пред три и пол месеци во натпреварот од Лигата на шампионките против дански Никобинг не доживеа тешка повреда по која прогнозите велеа дека за неа тоа е крај на сезоната.
Очигледно лекарскиот тим на Ѓер и самата Морк напорно работеле на враќањето на норвежанката пред најважните два натпревари во сезоната. Останува да видиме колку Морк, ќе биде способна да им помогне на своите соиграчки, и какви планови со неа има тренерот Амброш Мартин.


